Известување за продолжување на наставата – април 2020
Почитувани студенти,
Во однос на новонастаната ситуација со корона вирусот, Ве известуваме дека предавањата на единиците во состав на Универзитетот продолжуваат да се одвиваат со примена на електронски технички средства.
Доколку се создадат услови, проверката на знаењата преку колоквиуми и испити ќе се спроведува со примена на електронски технички средства, односно видеоконференциски платформи. Предмет на оценување во рамките на предметната програма ќе бидат: колоквиуми; тестови; семинарска работа; домашна работа; проекти и други активности предвидени со предметната програма.
Соодветно на тоа:
Наставата продолжува да се одвива онлајн, како што е предвидено со академскиот календар.
- 30 март до 4 април: подготвителна недела за колоквиуми со предавања. Во оваа недела ќе се одржат сите предавања кои се предвидени до првиот колоквиум и консултации со професорите. Распоредот ќе биде достапен од сабота, 28 март.
- 6 до 11 април: колоквиумска недела. Полагањето на колоквиумите ќе биде онлајн, доколку се создадат услови.
- 13 април до 22 мај: втор циклус на предавања (6 недели)
- 25 до 29 мај: подготовка за втор колоквиум
- 1 до 5 јуни: полагање на втор колоквиум
Студентите информациите и линковите за предавањата и колоквиумите ќе ги добијат од нивните ментори. За сите дополнителни прашања ќе се обраќаат кај менторите.
Наскоро ќе бидат објавени дополнителни информации за начинот на спроведување на колоквиумите.
Априлската сесија ќе се одржи (пријавувањето и полагањето на испитите ќе биде онлајн). Термините за пријавувањето на испитите и за одржувањето на сесијата ќе бидат објавени наскоро.