Почитувани студенти,
пријавувањето на испитите зa испитната сесија во август ќе се одвива целосно електронски преку системот Е-школарина. Пријавувањето на испитите започнува на 02.10.2021 и ќе трае до 09.10.2021 година. Полагањата започнуваат од 12.10.2021. Распоредот за испитите ќе биде објавен на 10.10.2021.
Максималниот број на испити што можат да се пријават е 5.
Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го полагаат испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 222 503 за повеќе детали.
Услови за полагање
Согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус студии и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии во октомвриската испитна сесија се дава шанса и на студентите кои не го исполнуваат условот за премин во повисока година да можат да дополагаат предмети за да го стекнат потребниот број на ЕКТС кредити за премин во повисока година.
Услови за премин во повисока година:
Прв циклус
- Студентот доколку освоил најмалку 31 европски кредити се смета дека е студент во втора година на прв циклус студии.
- Студентот доколку освоил најмалку 62 европски кредити се смета дека е студент во трета година на прв циклус студии, од кои 31 европски кредити од прва година, а 31 од втора година.
- Студентот доколку освоил најмалку 93 европски кредити се смета дека е студент во четврта година на прв циклус студии, од кои 31 европски кредити од прва година, 31 европски кредити од втора година, а 31 од трета година.
Втор циклус
- Студентот доколку освоил најмалку 31 европски кредити се смета дека е студент во втора година на втор циклус студии.
Во прилог е упатството за пополнување на електронска пријава за испит. Доколку имате технички прашања во врска со пријавувањето, Ве молиме обратете се во Службата за Е-учење на eucenje@msu.edu.mk или на +389 78 295 567.
Чекор 1
Кликнете на еден од линковите за поднесување на пријава:
- за студентите кои имаат услов за премин во повисока година пријавуваат стандардно со пријава од 50 денари
- за студентите кои немаат услов за премин во повисока година пријавуваат со пријава од 3050 денари по предмет
По 3050 денари се плаќаат само предметите кои фалат до исполнување на условот за упис во повисока година. По 3050 денари се плаќаат само предметите кои фалат до исполнување на условот за упис во повисока година. На пример, доколку Ви фалат 2 предмети за да исполните услов, плаќате 2 пријави од 3050 денари, а останатите ги плаќате по 50 денари.
Чекор 2
Изберете го потребниот број на предмети (од 1 до 5, зависно колку предмети сакате да полагате) и кликнете на копчето Во Кошничка.
Чекор 3
Откако ќе биде додадена пријавата во кошничка кликнете на НАПЛАТА.
Чекор 4
Пополнете ги податоците за предметите, изберете го полето Ги прочитав и се согласувам со условите и правилата и кликнете УПЛАТА. Откако ќе кликнете на УПЛАТА ќе бидете пренасочени кон страницата на Халк Банка за безбедно плаќање каде ги внесувате податоците од платежната картичка и по успешно плаќање системот ве пренасочува назад кон страницата за комплетирање на нарачка.
Доколку има некаков проблем со пријавата, нашите служби ќе Ве контактираат.