- Posted on
- Огласна табла
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека испитната сесија во јануари ќе се одржи онлајн. Пријавувањето на испитите ќе започне од 17.01.2022 и ќе трае до 22.01.2022 година. Полагањата започнуваат од 24.01.2022 година.
Распоредот за испитната сесија за додипломски студии можете да го најдете овде.
Распоредот за испитната сесија за последипломски студии можете да го најдете овде.
Информациите за начинот на пријавување на испитите ќе бидат достапни на Е-учење и на веб страницата на МСУ.
Како ќе се спроведе тестирањето? – објаснување чекор по чекор
- Испитот по определен предмет ќе се одржи во времето кое е објавено во распоредот. Распоредот ќе биде објавен на 5 август.
- Се вклучувате онлајн во договорениот термин на платформата Zoom. Линковите ќе ги добиете од Службата за Е-учење (eucenje@msu.edu.mk).
- Додека сте онлајн професорот го забележува присуството и ги напоменува условите за полагање.
- Професорот ќе ви соопшти дека преку опцијата Chat на платформата Zoom треба да ги доставите вашите е-маил адреси за да можеме да ви го испратиме тестот.
- Ги внесувате е-маил адресите на chat на Zoom.
- Администраторот ви го испраќа тестот на внесената е-маил адреса.
- Имате ограничено време за да го решите тестот (околу 60 минути / зависи од професорот) со вклучени камери и микрофони. Ако некој ја исклучува камерата или микрофонот, тестот за него завршува.
- Откако ќе истече времето имате обврска да го пратите тестот на меилот на професорот, пополнет. Толеранција за доцнење – 5 минути. Ако тестот се прати подоцна нема да се толерира, без разлика на причина. Во тие случаи може повторно да пополнува нов тест некој нареден пат по договор со професорот.
- Доколку тестот бара решавање на задачи или пишување на хартија, професорот може да се договори со студентите наместо во Word, студентите да ги решат задачите на хартија, а да испратат фотографии од решените задачи на професорот, во истиот рок како и другите студенти.
- Професорот (или администраторот во негово име) го потврдува приемот на тестот.
- Професорот го оценува тестот и кога ќе има резултати ги соопштува на студентите на некое од наредните предавања, на меил, или на Е-учење.
Корисни информации
- Информации за набавка на литературата за испитите.