Почитувани студенти,
Во исчекување на дополнителни информации и инструкции од Министерството за образование и наука во врска со можностите за продолжување на семестарот онлајн, беше одлучено Априлската сесија да биде поместена за 2 недели.
За да овозможиме полагање на сите студенти, Ве известуваме дека почетокот на Априлската сесија ќе биде одложен за 2 недели од закажаните термини. Се надеваме дека ќе биде возможно полагањата да се одвиваат онлајн.
- Пријавувањето ќе трае до 21 април 2022.
- Полагањата ќе започнат од 26 април 2022.
- Распоредот ќе биде објавен откако ќе добиеме информација дали можеме да ги продолжиме наставата и другите активности онлајн до крај на семестарот.
На студентите кои имаат пријавено досега пријавите ќе им бидат уважени и нема потреба да пријавуваат повторно.
Правиме се што можеме за да го продолжиме семестарот онлајн. Се надеваме дека наскоро ќе добиеме позитивен одговор.
Во меѓувреме сите предавања и други активности продолжуваат онлајн се додека не се добијат нови насоки.