Согласно договорот помеѓу Прокредит Банка и Меѓународен Славјански Универзитет, Прокредит Банка им овозможува на студентите на МСУ наменски кредити за покривање на студиските трошоци.
Кредитите за студентите на МСУ ќе бидат со 6% камата и без провизија за исплата. Рокот за враќање на истиот е до 5 години.
За повеќе информации можете да се обратите директно во некоја од експозитурите на Прокредит банка.