Почитувани студенти,
Ве известуваме дека Јунската и Септемвриската испитна сесија ќе бидат со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. И двете сесии ќе се одржат во две декади и пријавувањето на испитите ќе се одвива електронски.
Во двете сесии е дозволено полагање на испити од парен и непарен семестар. Студентите ќе можат да изберат во која декада од испитната сесија ќе полагаат. Не е дозволено ист предмет да се пријави во две декади на една иста испитна сесија.
- Јунската испитна сесија ќе се одржи во периодот од 13 јуни до 15 јули. Пријавувањето за двете декади ќе започне на 23 мај и ќе трае до 5 јуни. Распоредите за двете декади ќе бидат објавени најдоцна до 20 мај (петок).
- Септемвриската испитна сесија ќе се одржи во периодот од 15 август до 17 септември. Пријавувањето за двете декади ќе започне на 25 јули и ќе трае до 9 август. Распоредите за двете декади ќе бидат објавени најдоцна до 22 јули (петок).
Подетални инструкции за полагањата со физичко присуство можете да добиете од предметните професори.