Се известуваат студентите согласно Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023/24 година од страна на Министерството за образование и наука дека во тек е аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, за тековните студенти со пријавување преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/
По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде ја поднеле својата апликација. Потоа, од страна на Шпаркасе банка со која Министерството за образование и наука склучи нефинансиски договор за реализација на мерката – субвенциониран студентски оброк, ќе бидат повикани во некоја од филијалите за да склучат договор за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка преку која единствено ќе можат да ги користат средствата.
Аплицирањето за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар ќе трае од 1 до 7 октомври. Понатаму, можноста за аплицирање ќе биде отворена од 1ви до 7ми секој нареден месец, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради било каква причина.