Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите за Априлската испитна сесија ќе се одвива по електронски пат. Пријавувањето на испитите ќе започе на 3 април 2024 година (среда), а завршува на 10 април 2024 година (среда). Распоредот за испитите ќе биде објавен на платформата за Е-учење.
Полагањето на испитите ќе биде со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. Испитната сесија ќе започне на 15 април 2024 година (понеделник) и ќе трае до 30 април 2024 година (вторник). Студентите ќе полагаат на кампусот на кој се запишани (Свети Николе или Битола). Подетални инструкции за полагањата со физичко присуство можете да добиете од предметните професори.
Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 5 предмети. Во оваа сесија сите испити се пријавуваат наеднаш со користење на истата форма. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.
Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го пријават испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 222 503 за повеќе детали.