Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите за Јануарска испитна сесија ќе се одвива по електронски пат на платформата за Е-индекс. Пријавувањето на испитите ќе започе на 8ми јануари 2026 година (четврток), а завршува на 15ти јануари 2026 година (четврток). Распоредот за испитите ќе биде објавен на платформата за Е-учење.

Полагањето на испитите ќе биде со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. Испитната сесија ќе започне на 20ти јануари 2026 година (вторник) и ќе трае до 02ри февруари 2026 година (понеделник). Студентите ќе полагаат на кампусот на кој се запишани (Свети Николе или Битола).

Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 6 предмети.

Цената за полагање на испитот во Јануарската испитна сесија за сите студенти ќе изнесува 600ден. од испит.

Цената за полагање на диференцијалниот испит во Јануарската испитна сесија за транфер студентите ќе изнесува 3600ден. од испит.