Почитувани студенти,

Ве известуваме дека Априлската испитна сесија ќе се одржи со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола.

  • Пријавувањето за Априлската испитна сесија ќе започне на 6 април 2026г. (понеделник) и ќе трае до 11 април 2026г. (сабота).
  • Априлската испитна сесија ќе се одржи во периодот од 14 април 2026г. (вторник) до 27 април 2026г. (понеделник).

Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 6 предмети. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.

Цената за полагање на испитот во Априлската испитна сесија за сите студенти ќе изнесува 600ден. од испит.

Цената за полагање на диференцијалниот испит во Априлската испитна сесија за транфер студентите ќе изнесува 3600ден. од испит.

Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го пријават испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 609 778  за повеќе детали.