Почитувани студенти,

Ве известуваме дека Јунската испитна сесија ќе се одржи со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола.

  • Пријавувањето за Јунската испитна сесија ќе започне на 1 јуни 2026г. (понеделник) и ќе трае до 13 јуни 2026г. (сабота).
  • Јунската испитна сесија ќе се одржи во периодот од 15 јуни 2026г. (понеделник) до 27 јуни 2026г. (сабота).
  • Распоредот е објавен на платформата за Е-учење – https://eucenje.msu.edu.mk/ispitna-sesija-dodiplomski/

Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 6 предмети. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.

Цената за полагање на испитот во Јунската испитна сесија за сите студенти ќе изнесува 600ден. од испит.

Цената за полагање на диференцијалниот испит во Јунската испитна сесија за транфер студентите ќе изнесува 3600ден. од испит.

Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го пријават испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 609 778  за повеќе детали.