Потсетување за уплата на трошоци за студирање за тековна година

Почитувани студенти,

сите кои имаат заостанат долг за студирање за прв и втор циклус, потребно е да извршат уплата на трошоците за студирање за тековната студиска година согласно склучените договори за студии најдоцна до 27.07.2020 година (понеделник). Согласно Договорот за студирање, на кандидатите кои имаат заостанат долг ќе им биде прекинат статусот на студенти доколку не ги подмират заостанатите финансиски обврски.


Ве известуваме дека школарината може да се уплаќа и онлајн преку нашата веб страница. 
За да ја уплатите школарината можете да го следите следниов линк: https://e-shkolarina.msu.edu.mk/
Линк до упатство за електронско плаќање: https://e-shkolarina.msu.edu.mk/upatstvo-za-koristenje-na-sistemot-za-uplati/

За да може да се отворат страниците потребно е да креирате ново корисничко име или да се логирате со Вашиот Facebook или Google профил.