Известување и пријавување за втор јунски испитен рок – 2020

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека испитната сесија во август (втор јунски испитен рок)  ќе се одржи од 17 август 2020 година до 30 август 2020 година на која, доколку се создадат реални услови за нормално функционирање, односно се стабилизира настанатата состојба и се намалат мерките, рестрикциите и ограничувањата сесијата ќе се одржи со физичко присуство, со почитување на дадените мерки. Во спротивно испитната сесија ќе се одржи онлајн.

Пријавувањето на испитите ќе се врши онлајн според утврдена постапка и протокол кој како информативна соржина ќе ви биде достапен на нашите информативни електронски гласила.


Пријавување на испитите


Пријавувањето и полагањето на испитите во август (втор јунски испитен рок) ќе се одвива електронски. Пријавувањето на испитите ќе трае од 3-ти до 13-ти август. Полагањата започнуваат од 17-ти август. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.

  • Испити полагаат сите студенти кои ги исполнуваат условите.
  • За да проверите дали ги исполнувате условите Ве молиме пополнете ја оваа форма. По пополнување на формата за еден до два работни денови ќе добиете одговор на Вашата електронска адреса дали ги исполнувате условите. Доколку ги исполнувате, ќе добиете упатство за пријавување на испитите електронски, и линк каде ќе можете да ја пополните вашата пријава.

Апликација за пријавување испит


Пријавувањето на испитите е завршено.