Известување за промена на термини за Априлска испитна сесија
Почитувани студенти, поради настанатите технички проблеми, Ве известуваме дека Априлската испитна сесија ќе биде одложена, односно полагањето на испитите ќе се одвива во периодот од 28.04.2025г. (понеделник) до 17.05.2025г. (сабота). Распоредот за испитите ќе го добиете до крајот на тековната недела.
Известување за пријавување на Априлска испитна сесија
Се известуваат сите студенти дека рокот за пријавување на испитите ќе биде продолжен до 20.04.2025г. (недела). Пријавувањето ќе се одвива преку платформата Е-индекс, а истата ќе биде овозможена за користење во текот на денешниот ден.
Известување за Априлска испитна сесија – 2025
Почитувани студенти, Пријавувањето на испитите за Априлската испитна сесија ќе се одвива по електронски пат. Пријавувањето на испитите ќе започе на 11 април 2025 година (петок), а завршува на 15 април 2025 година (вторник). Распоредот за испитите ќе биде објавен на платформата за Е-учење. Полагањето...
Известување за предавања – проф. Маријан Стевановски
Се известуваат сите студенти на Факултетот за технички науки и информатика, насока Комјутерски системи и мрежи и насока Софтверски технологии – кампус Свети Николе дека предавањата кај проф. Маријан Стевановски продолжуваат од 28.03.2025г. (петок) со почеток во 09:00ч. за сите предмети.
Известување за предавања – проф. Љупчо Вчков и проф. Менде Солунчевски
Се известуваат студентите на Факултетот за технички науки и информатика дека: кампус Свети Николе: Предавањата по предметот Менаџмент на професионален ризик на насоката Безбедност при работа ќе се одржуваат кај проф. Љупчо Вчков, секоја среда почнувајќи од 05.03.2025г. со почеток во 13:00ч. кампус Битола: Предавањата...
Известување за термин за испит – проф. Марина Кузмановска
Се известуваат сите студенти на Факултетот за психологија – кампус Свети Николе дека испитот Интелигенција ќе се одржи кај проф. Марина Кузмановска на 06.02.2025г. (четврток).
Известување за термин – проф. Ана Чучкова
Се известуваат сите студенти на Факултетот за психологија – кампус Битола дека испитите кај проф. Ана Чучкова за втор циклус студии ќе се одржат на ден 05.02.2025г. (среда) со почеток во 11:00ч.
Известување за промена на термин – проф. Александар Петровски
Се известуваат сите студенти на Факултетот за технички науки дека испитот Софтверска Ергономија ќе се одржи кај проф. Александар Петровски во следниве термини: кампус Свети Николе – 07.02.2025 г. кампус Битола – 05.02.2025 г.
Известување за промена на термин за испит – проф. Снежана Малцов
Се известуваат сите студенти на Факултетот за економија и ОП – кампус Свети Николе дека испитите кај проф. Снежана Малцов се презакажани за ден 28.01.2025г. (вторник) со почеток во 12:00ч.
Известување за промена на термин за испит – проф. Стевче Димески
Се известуваат сите студенти на Факултетот за економија и ОП – кампус Битола дека испитите кај проф. Стевче Димески се презакажани за 27.01.2025 (понеделник) со почеток во 10:00ч.
