Електронски семестрален лист – упис на нов семестар 2020/2021
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека електронската апликација за семестрален лист е објавена.
- За да пополните електронски семестрален лист, првично треба да бидете најавени на Е-учење. Кликнете овде за да се најавите. Доколку не сте најавени, страниците нема да бидат достапни. Доколку имате проблем Ве молиме обратете се на eucenje@msu.edu.mk и оставете го Вашиот број на индекс и Вашиот телефонски број.
- Откако ќе се најавите отворете ја страницата на факултетот на кој студирате и следете ги упатствата дадени на страницата:
Како што претходно беше објавено, за пополнување на Семестрален лист нудиме две опции, a студентите самостојно го избираат начинот кој им одговара повеќе:
- Пополнување Семестрален лист со физичко присуство или
- Пополнување електронски Семестрален лист (електронска апликација)
Семестрален лист во овој рок пополнуваат сите студенти кои треба да запишат втора, трета или четврта година на прв циклус на студии.
Студентите кои ги исполнуваат сите услови, односно го имаат положено потребниот број на испити можат да пополнат електронска пријава или да поднесат Семестрален лист со физичко присуство на МСУ.
Студентите кои ќе полагаат испити во Септемвриската испитна сесија по објавување на резултатите и по остварување на правото за упис во наредната учебна година, ќе можат да поднесат Семестрален лист кон крајот на септември.