Почитувани студенти,

Во исчекување на дополнителни информации и инструкции од Министерството за образование и наука во врска со можностите за продолжување на семестарот онлајн, беше одлучено Априлската сесија да биде поместена за 2 недели.

За да овозможиме полагање на сите студенти, Ве известуваме дека почетокот на Априлската сесија ќе биде одложен за 2 недели од закажаните термини. Се надеваме дека ќе биде возможно полагањата да се одвиваат онлајн.

  • Пријавувањето ќе трае до 21 април 2022.
  • Полагањата ќе започнат од 26 април 2022.
  • Распоредот ќе биде објавен откако ќе добиеме информација дали можеме да ги продолжиме наставата и другите активности онлајн до крај на семестарот.

На студентите кои имаат пријавено досега пријавите ќе им бидат уважени и нема потреба да пријавуваат повторно.

Правиме се што можеме за да го продолжиме семестарот онлајн. Се надеваме дека наскоро ќе добиеме позитивен одговор.

Во меѓувреме сите предавања и други активности продолжуваат онлајн се додека не се добијат нови насоки.