Почитувани студенти,

Предавањата започнуваат на 19-ти февруари 2024г. (понеделник), а распоредот ќе биде објавен најдоцна до четврток, 15-ти февруари 2024г.

Во текот на првата недела од предавањата можете да ги слушате сите изборни предмети. Предметите кои ќе ги одберете ќе бидат доделени на вашите кориснички имиња на Е-индекс и Е-учење.