Се известуваат сите студенти – апсловенти на кампусот во Свети Николе дека фотографирањето за табло започнува од 17.03.2020 и ќе трае до 15.04.2021. Фотографирањето ќе се одвива секој ден од понеделник до сабота со претходна најава на 078 405 699.

Фотографирањето за студентите на кампусот во Свети Николе ќе се одвива во студиото „Фото Кисс“ – Свети Николе во центарот на градот.


За фотографирањето може да се избере една од следниве две понуди:


Понуда 1 – 700 денари:

1 фотографија – портрет – 20х30
1 фотографија – 13х18
6 фотографии – 6х9
8 фотографии – 4х6
и сите направени фотографии на USB (необработени)


Понуда 2 – 900 денари:

3 фотографии – 15х21
16 фотографии – 4х6
20 фотографии 6х9
и сите направени фотографии на USB (необработени)


Плаќањето се извршува во фотографското студио, веднаш по фотографирањето или при преземање на фотографиите.