Почитувани студенти,

Ве известуваме дека испитната сесија во август ќе се одржи онлајн. Пријавувањето на испитите ќе започне од 16.08.2021 и ќе трае до 21.08.2021 година. Полагањата започнуваат од 24.08.2021.

Информациите за начинот на пријавување на испитите ќе бидат достапни на Е-учење и на веб страницата на МСУ.



Како ќе се спроведе тестирањето? – објаснување чекор по чекор


  • Испитот по определен предмет ќе се одржи во времето кое е објавено во распоредот. Распоредот ќе биде објавен на 5 август.
  • Се вклучувате онлајн во договорениот термин на платформата Zoom. Линковите ќе ги добиете од Службата за Е-учење (eucenje@msu.edu.mk).
  • Додека сте онлајн професорот го забележува присуството и ги напоменува условите за полагање.
  • Професорот ќе ви соопшти дека преку опцијата Chat на платформата Zoom треба да ги доставите вашите е-маил адреси за да можеме да ви го испратиме тестот.
  • Ги внесувате е-маил адресите на chat на Zoom.
  • Администраторот ви го испраќа тестот на внесената е-маил адреса.
  • Имате ограничено време за да го решите тестот (околу 60 минути / зависи од професорот) со вклучени камери и микрофони. Ако некој ја исклучува камерата или микрофонот, тестот за него завршува.
  • Откако ќе истече времето имате обврска да го пратите тестот на меилот на професорот, пополнет. Толеранција за доцнење – 5 минути. Ако тестот се прати подоцна нема да се толерира, без разлика на причина. Во тие случаи може повторно да пополнува нов тест некој нареден пат по договор со професорот.
  • Доколку тестот бара решавање на задачи или пишување на хартија, професорот може да се договори со студентите наместо во Word, студентите да ги решат задачите на хартија, а да испратат фотографии од решените задачи на професорот, во истиот рок како и другите студенти.
  • Професорот (или администраторот во негово име) го потврдува приемот на тестот.
  • Професорот го оценува тестот и кога ќе има резултати ги соопштува на студентите на некое од наредните предавања, на меил, или на Е-учење.

Корисни информации