Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите за Ноемвриска испитна сесија ќе се одвива по електронски пат на платформата за Е-индекс. Пријавувањето на испитите ќе започе на 11ти ноември (понеделник), а завршува на 14ти ноември (четврток). Распоредот за испитите ќе биде објавен на платформата за Е-учење.

Полагањето на испитите ќе биде со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. Испитната сесија ќе започне на 18ти ноември 2024 година (понеделник). Студентите ќе полагаат на кампусот на кој се запишани (Свети Николе или Битола). Подетални инструкции за полагањата со физичко присуство можете да добиете од предметните професори.

Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 5 предмети. Во оваа сесија сите испити се пријавуваат наеднаш со користење на истата форма.

Цената за полагање на испитот во Ноемвриската испитна сесија за сите студенти кои исполнуваат услов за премин во повисока година ќе изнесува 50ден. за пријава од предмет, а за студентите кои не исполнуваат услов ќе изнесува 3000 ден. + 50ден. за пријава од предмет.