Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите за Октомвриската испитна сесија (казнена) ќе се одвива по електронски пат на платформата за Е-индекс. Пријавувањето на испитите ќе започе на 12ти октомври (сабота), а завршува на 16ти октомври (среда). Распоредот за испитите ќе биде објавен на платформата за Е-учење.
Полагањето на испитите ќе биде со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. Испитната сесија ќе започне на 17ти октомври 2024 година (четврток). Студентите ќе полагаат на кампусот на кој се запишани (Свети Николе или Битола). Подетални инструкции за полагањата со физичко присуство можете да добиете од предметните професори.
Целта на оваа сесија е да се овозможи на студентите кои не исполнуваат услов за премин во повисока година да ги дополагаат потребниот број на предмети и освојат потребниот број на ЕКТС.
Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 5 предмети. Во оваа сесија сите испити се пријавуваат наеднаш со користење на истата форма.
Цената за полагање на испитот во казнената сесија за сите студенти (вклучувајќи ги и оние кои не исполнуваат услов за премин во повисока година) ќе изнесува 3000 ден. + 50ден. за пријава од предмет.