Се известуваат сите новозапишани студенти на последипломски студии при МСУ дека предавањата ќе започнат од 15.11.2021 година.

Распоредот за предавањата ќе биде објавен на во текот на оваа недела, а линковите за истите ќе бидат испратени на е-маил адресата која ја имате оставено при упис или ќе ги добиете од Вашиот ментор.


Предавања и испити:


Нашиот уникатен систем кој е воведен за предавањата вклучува 12 администратори како посредници помеѓу студентите и професорите. Администраторите се грижат за распоредот и организацијата на онлајн предавањата. Заеднички, тие соработуваат со менторите за навремено известување на сите студенти.

Ние како универзитет досега ја користевме и ќе продолжиме да ја користиме платформата Zoom која ги нуди потребните алатки за успешно спроведување на предавањата и испитите.


Како да се приклучите на предавањето:


  1. Чекор 1: Го отворате линкот кој ќе го добиете на Вашиот е-маил или од менторот.
  2. Чекор 2: Ја инсталирате апликацијата Zoom на компјутер, таблет или смартфон
  3. Чекор 3: Се регистрирате за онлајн предавањето со име, презиме и е-маил
  4. Чекор 4: За сите прашања се обраќате кон менторот.