Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите за Септемвриската испитна сесија ќе се одвива по електронски пат преку платформата Е-индекс. Пријавувањето на испитите ќе започе на 15 август 2024 година (четврток), а завршува на 22 август 2024 година (четврток). Распоредот за испитите ќе биде објавен на платформата за Е-учење.
Полагањето на испитите ќе биде со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. Испитната сесија ќе започне на 26 август 2024 година (понеделник) и ќе трае до 11 септември 2024 година (среда).
Студентите ќе полагаат на кампусот на кој се запишани (Свети Николе или Битола). Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 5 предмети, во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.