Почитувани студенти,

Ве известуваме дека уписот на летниот семестар (пополнување семестрален лист) ќе се спроведе во периодот од 20-ти до 25-ти февруари 2023г.

Во текот на првата недела од предавањата можете да ги слушате сите изборни предмети. Предметите кои ќе ги одберете ќе бидат доделени на вашите кориснички имиња на Е-индекс и Е-учење.

Предавањата започнуваат на 13-ти февруари 2023г. (понеделник), а распоредот ќе биде објавен најдоцна до петок, 10-ти февруари 2023г.