Известување и пријавување за октомвриска и ноемвриска сесија
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека во текот на 2020 година ќе бидат спроведени уште две (казнени) испитни сесии:
- октомвриската сесија ќе започне на 19-ти октомври (понеделник) и ќе трае до 31 октомври (сабота). Пријавување од 13-ти до 17-ти октомври.
- ноемвриската сесија ќе започне на 16-ти ноември (понеделник) и ќе трае до 30 ноември (понеделник). Пријавување од 2-ри до 7-ми ноември.
И двете испитни сесии ќе бидат спроведени онлајн. Пријавувањето на испитите ќе се врши онлајн. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар. Распоредот за испитната сесија ќе биде објавен на Е-учење.
Услови за полагање
Согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус студии и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии во октомвриската и ноемвриската испитна сесија се дава шанса и на студентите кои не го исполнуваат условот за премин во повисока година да можат да дополагаат предмети за да го стекнат потребниот број на ЕКТС кредити за премин во повисока година.
Услови за премин во повисока година:
Прв циклус
- Студентот доколку освоил најмалку 31 европски кредити се смета дека е студент во втора година на прв циклус студии.
- Студентот доколку освоил најмалку 62 европски кредити се смета дека е студент во трета година на прв циклус студии, од кои 31 европски кредити од прва година, а 31 од втора година.
- Студентот доколку освоил најмалку 93 европски кредити се смета дека е студент во четврта година на прв циклус студии, од кои 31 европски кредити од прва година, 31 европски кредити од втора година, а 31 од трета година.
Втор циклус
- Студентот доколку освоил најмалку 31 европски кредити се смета дека е студент во втора година на втор циклус студии.
Во овие две сесии можат да полагаат сите студенти, со тоа што:
- студентите кои имаат услов за премин во повисока година пријавуваат стандардно со пријава од 50 денари
- студентите кои немаат услов за премин во повисока година пријавуваат со пријава од 3050 денари по предмет
Апликација за пријавување испит во октомвриска сесија
За да проверите дали ги исполнувате условите Ве молиме пополнете ја формата подолу. По пополнување на формата за еден до два работни денови ќе добиете одговор на Вашата електронска адреса дали ги исполнувате условите. Согласно состојбата на Вашето досие, ќе добиете упатство за пријавување на испитите електронски, како и линк каде ќе можете да ја пополните вашата пријава.
Пријавувањето за ноемвриската сесија ќе биде организирано во временските рамки кои се наведени погоре.
Апликација за пријавување испит во октомвриска сесија
Електронската форма е затворена.