Известување за почеток на академската година и врачување на индекси
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека годинава, согласно Законот за високо образование, учебната година ќе започне на први октомври. Врачувањето на индексите на новозапишаните студенти ќе биде на први октомври во Свети Николе и втори октомври во Битола.
Распоредот за предавањата ќе биде објавен кон крајот на септември.