Известување за СЕПТЕМВРИСКА испитна сесија

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека септемвриската испитната сесија ќе се одржи од 14-ти септември 2020 година до 26-ти септември 2020 година и ќе биде спроведена онлајн.

Резултатите од испитната сесија во август ќе бидат објавени најдоцна до 5 септември.

Пријавувањето на испитите ќе се врши онлајн според утврдена постапка и протокол кој како информативна соржина ќе ви биде достапен на нашите информативни електронски гласила.


Пријавување на испитите


Пријавувањето и полагањето на испитите во септември ќе се одвива електронски. Пријавувањето на испитите ќе трае од 5-ти до 10-ти септемвриПолагањата започнуваат од 14-ти септември. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.

  • Испити полагаат сите студенти кои ги исполнуваат условите.
  • За проверка на досието ќе треба да пополните електронска форма. По пополнување на формата за еден до два работни денови ќе добиете одговор на електронската адреса дали ги исполнувате условите. Доколку ги исполнувате, ќе добиете упатство за пријавување на испитите електронски, и линк каде ќе можете да ја пополните вашата пријава.
  • Пријавувањето за септемвриската сесија ќе се врши исклучиво електронски.