Почитувани студенти,
Ве известуваме дека Септемвриската испитна сесија ќе се одржи со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола.
- Пријавувањето за Септемвриската испитна сесија ќе започне на 10 август 2026г. (понеделник) и ќе трае до 20 август 2026г. (четврток).
- Септемвриската испитна сесија ќе се одржи во периодот од 24 август 2026г. (понеделник) до 5 септември 2026г. (сабота).
- Распоредот е објавен на платформата за Е-учење – https://eucenje.msu.edu.mk/ispitna-sesija-dodiplomski/
Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 6 предмети. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.
Цената за пријавување на испит во предвидениот рок за Септемвриската испитна сесија за сите студенти ќе изнесува 600ден. од испит. Задоцнетото пријавување ќе изнесува 900ден.
Цената за пријавување во предвидениот рок на диференцијалниот испит во Септемвриската испитна сесија за транфер студентите ќе изнесува 3600ден. од испит. Задоцнетото пријавување на диференцијален предмет ќе изнесува 3900ден.
Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го пријават испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 609 778 за повеќе детали.
