Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите за Јунската испитна сесија ќе се одвива по електронски пат. Пријавувањето на испитите ќе започе на 5 јуни 2025 година (четврток), а завршува на 12 јуни 2025 година (четврток). Распоредот за испитите ќе биде објавен на платформата за Е-учење.

Полагањето на испитите ќе биде со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. Испитната сесија ќе започне на 16 јуни 2025 година (понеделник) и ќе трае до 30 јуни 2025 година (понеделник). Студентите ќе полагаат на кампусот на кој се запишани (Свети Николе или Битола). Подетални инструкции за полагањата со физичко присуство можете да добиете од предметните професори.

Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 5 предмети. Во оваа сесија сите испити се пријавуваат наеднаш со користење на истата форма. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.

Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го пријават испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 609 778 за повеќе детали.