Почитуван колега,
Меѓународен Славјански Универзитет и оваа академска година останува посветен на обезбедување квалитетно образование и поддршка за секој студент. Ви благодариме што сте дел од нашата академска заедница – вашата доверба и посветеност се нашата најголема мотивација.
Со цел да ви овозможиме континуитет на студиите во истите услови како и при уписот, сакаме да ве информираме дека раководството на Универзитетот донесе одлука вашата годишна школарина да остане иста како кога првпат се запишавте, иако од оваа академска година школарината за новозапишаните студенти е зголемена на 1.530 евра. Ве известуваме дека согласно Договорот за студирање краен рок за уплата на првата рата за школарина за учебната 2025/2026 година е 10-ти септември 2025 година. Ве молиме Вашата обврска да ја извршите најдоцна до предвидениот рок.
Благодарение на долгогодишната соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет и ПроКредит Банка ја претставуваме новата опција за студентски кредит за покривање на трошоците за студирање. Со целосно онлајн апликација очекувајте брза услуга, без чекање во ред на шалтер. Можете да аплицирате за покривање на годишните трошоци за студирање за една, две, три или четири години на Меѓународен Славјански Универзитет.
Упис на семестарот и селекција на предметите кои ги запишувате можете да направите бесплатно преку Е-индекс најдоцна до 12-ти октомври 2025. После предвидениот рок се предвидени трошоци за задоцнет упис согласно трошковникот на МСУ.
Воедно, со цел да излеземе во пресрет на вашите академски обврски, воведуваме две нови испитни сесии – декемвриска и мартовска. За поголема флексибилност и подобра организираност за полагање испити, вкупниот број на сесии изнесува осум: септемвриска, октомвриска, ноемвриска, декемвриска, јануарска, мартовска, априлска и јунска.
Во насока на подобрување на целокупното студентско искуство, модернизација на платформата за Е-индекс и зајакнување на техничката и административната поддршка, од септемвриската сесија цената за пријава на испит ќе изнесува 600 денари, додека за задоцнето пријавување ќе изнесува 900 денари. Оваа промена, која се воведува по речиси една деценија непроменета цена, е направена со цел да ви овозможиме:
- побрза и поефикасна е-услуга,
- подобра техничка поддршка,
- транспарентна евиденција на активностите,
- како и поголема достапност и флексибилност преку новите испитни сесии.
Истовремено, ве известуваме дека, согласно правилниците, доколку студентот не го положи испитот по три обиди, има право да побара полагање пред комисија. Овој начин на полагање е воведен со цел да се обезбеди пообјективен, фер и транспарентен процес на оценување, во присуство на повеќе наставници кои ја следат и оценуваат работата на студентот.
Постојано вложуваме во подобрување на квалитетот на услугите што ги добивате, без дополнителни скриени трошоци или зголемување на школарината за веќе запишаните студенти. Ве охрабруваме да го искористите максимумот од можностите што ви се нудат, и ви посакуваме успешен почеток на новата академска година, исполнета со мотивација, знаење и достигнувања.