Почитувани студенти,

Ве известуваме дека Мартовската испитна сесија ќе се одржи со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола.

  • Пријавувањето за Мартовската испитна сесија ќе започне на 10 март 2026г. (вторник) и ќе трае до 15 март 2026г. (недела).
  • Мартовската испитна сесија ќе се одржи во периодот од 16 март 2026г. (понеделник) до 28 март 2026г. (сабота).

Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 6 предмети. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.

Цената за полагање на испитот во Декемвриската испитна сесија за сите студенти ќе изнесува 600ден. од испит.

Цената за полагање на диференцијалниот испит во Декемвриската испитна сесија за транфер студентите ќе изнесува 3600ден. од испит.

Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го пријават испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 609 778  за повеќе детали.