Почитувани студенти,
Ве известуваме дека Октомвриската испитна сесија ќе се одржи со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола.
- Пријавувањето за Октомвриската испитна сесија ќе започне на 10 октомври 2025г. (петок) и ќе трае до 17 октомври 2025г. (петок).
- Октомвриската испитна сесија ќе се одржи во периодот од 20 октомври 2025г. (понеделник) до 01 ноември 2025г. (сабота).
Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 6 предмети. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.
Цената за полагање на испитот во казнената сесија за студентите кои ИСПОЛНУВААТ УСЛОВ за премин во повисока година ќе изнесува 600ден. за пријава од предмет.
Цената за полагање на испитот во казнената сесија за студентите кои НЕ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВ ќе изнесува 3000 ден. + 600ден. за пријава од предмет.
Цената за полагање на испитот во казнената сесија за студентите кои полагаат диференцијален испит ќе изнесува 3000 ден. + 600ден. за пријава од предмет.
Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го пријават испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 609 778 за повеќе детали.
