Почитувани студенти,
Свеченото доделување на индекси за студентите од прва година ќе се одржи на 01 октомври 2025г. (среда) со почеток во 12:00ч. За подетални информации ќе бидете контактирани од нашите служби.
Предавањата за зимскиот семестар 2025/2026 започнуваат на 02 октомври 2025г. (четврток), а распоредот ќе биде објавен на платформата за Е-учење на 24 септември 2025г. (среда).
Во текот на првата недела од предавањата можете да ги слушате сите изборни предмети. Предметите кои ќе ги одберете ќе бидат доделени на вашите кориснички имиња на Е-индекс и Е-учење. Рокот за упис на зимскиот семестар за сите студенти ќе биде до 12 октомври 2025г. (недела) преку платформата за Е-индекс.
За дополнителни информации или помош при уписот на семестар, можете да ги контактирате нашите Служби за студентски прашања на кампус Свети Николе – 075/303-424 и кампус Битола – 078/308-597.
