Почитувани студенти,

Ве известуваме дека пријавувањето за јунската испитна сесија ќе се врши онлајн преку страницата Е-школарина.


Распоред


Распоредот за испитната сесија е објавен на Е-учење:

Линковите ќе ги добиете на Вашите е-адреси кои ќе ги запишете кога ќе ги пријавувате испитите.


Пријавување на испитите


Кликнете овде за да добиете повеќе информации во врска со пријавувањето за јунската испитна сесија.

  • Пријавувањето и полагањето на испитите во јунската сесија ќе се одвива електронски.
  • Пријавувањето на испитите ќе трае од 29-ти мај до 11-ти јуни.
  • Полагањата започнуваат од 15-ти јуни.
  • Студентите кои ги немаат подмирено трошоците за студирање нема да можат да пријават и да полагаат испити од јунска сесија.
  • Во оваа сесија е дозволено полагање на испити од парен и непарен семестар.
  • Апликацијата за пријавување на испитите ќе биде достапна од 29-ти мај.
  • Студентите кои ќе ги пријават испитите надвор од предвидените временски рамки, следува казна од 100 денари за секој ненавремено пријавен испит.

Услови за тестирање


  • камерата и микрофонот да бидат вклучени за време на полагањето, во спротивно истото ќе биде поништено
  • пополнетиот тест да се испрати до професорот во рамки на договореното време
  • за дополнителни прашања консултирајте се директно со менторите или професорите, а можете да се обратите и на eucenje@msu.edu.mk

Како ќе се спроведе тестирањето? – објаснување чекор по чекор


  • Испитот по определен предмет ќе се одржи во времето кое е објавено во распоредот.
  • Се вклучувате онлајн во договорениот термин на платформата Zoom. Линковите ќе ги добиете од менторите. Во случај на технички проблеми, контактирајте ја службата за Е-учење.
  • Додека сте онлајн професорот го забележува присуството и ги напоменува условите за полагање.
  • Професорот ќе ви соопшти дека преку опцијата Chat на платформата Zoom треба да ги доставите вашите е-маил адреси за да можеме да ви го испратиме тестот.
  • Ги внесувате е-маил адресите на chat на Zoom.
  • Администраторот ви го испраќа тестот на внесената е-маил адреса.
  • Имате ограничено време за да го решите тестот (околу 60 минути / зависи од професорот) со вклучени камери и микрофони. Ако некој ја исклучува камерата или микрофонот, тестот за него завршува.
  • Откако ќе истече времето имате обврска да го пратите тестот на меилот на професорот, пополнет. Толеранција за доцнење – 5 минути. Ако тестот се прати подоцна нема да се толерира, без разлика на причина. Во тие случаи може повторно да пополнува нов тест некој нареден пат по договор со професорот.
  • Доколку тестот бара решавање на задачи или пишување на хартија, професорот може да се договори со студентите наместо во Word, студентите да ги решат задачите на хартија, а да испратат фотографии од решените задачи на професорот, во истиот рок како и другите студенти.
  • Професорот (или администраторот во негово име) го потврдува приемот на тестот.
  • Професорот може да го промени или прилагоди форматот на тестот.
  • Професорот го оценува тестот и кога ќе има резултати ги соопштува на студентите на некое од наредните предавања, на меил, или на Е-учење.