Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ клучна акција KA131 на Европската комисија, Канцеларијата за меѓународни односи на Меѓународниот Славјански Универзитет распишува

КОНКУРС

Акција 1: Индивидуална мобилност за студенти
за зимски и летен семестар во академската 2022/2023 година


Право на аплицирање


Право на аплицирање имаат студенти кои:

  • имаат запишано барем трет семестар на прв циклус студии или се запишани на втор циклус на студии;
  • имаат просек од 7,0 или повисок. Во исклучителни случаи (непотполнетни места и сл.) може да аплицираат и студенти со просек еднаков на или над 6,5. За студентите кои студираат на едногодишни студии на втор циклус просекот не се зема предвид;
  • имаат статус на редовен студент на прв циклус на студии на МСУ и имаат реализирано најмалку 60 ЕКТС кредити. За студентите на втор циклус нема минимум на стекнати кредити. 

Податоци за мобилноста


  • Мобилноста се остварува во рамки на потпишани интеринституционални Еразмус+ договори помеѓу МСУ и универзитети од партнерски земји.
  • Времетраење на мобилноста: еден семестaр (зимски семестар: мобилноста треба да започне во октомври 2022; летен семестар: мобилноста треба да започне во февруари 2023).
  • Висината на месечната стипендија зависи од земјата во која студентот ќе престојува (Калкулатор за мобилност) и од типот на мобилност.
  • Студентите ги покриваат патните трошоци, здравственото осигурување и сместувањето во институцијата домаќин од стипендијата која ја добиваат преку Еразмус+ програмата.

Критериуми за селекција на кандидатите:


Корисниците на мобилност за Еразмус+ програмата се селектираат во фер и транспарентен процес. Секоја пристигната апликација треба ќе биде бодувана од петчлена Комисија за селекција на корисници на мобилност. Бројот на максимум бодови е 100.

  • Просек – 40 бодови (6,5 до 7,0 од 5 до 10 бодови; 7,1 до 8,0 – од 11 до 20 бодови; 8,1 до 9,0 – од 21 до 30 бодови; 9,1 до 10,00 – од 31 до 40 бодови) секој бод одговара на оцена од 0,1.
  • Мотивациско писмо – 15 бодови.
  • Познавање на странски јазик –15 бодови (по 5 бодови за секој јазик, максимум 3 јазици).
  • Препорака од професор –10 бодови (по 5 бодови за секоја препорака, максимум 2 препораки).
  • Претходно искуство во активности на МСУ или во Здружението на студенти – 10 бодови (по 5 бодови за секоја активност, максимум 2 активности).
  • Сертификати, награди, пофалници – 10 бодови (по 2 секоја, максимум 5).

При изедначен број на бодови предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.


Потребни документи за мобилност на студенти


Минимум документи што треба да се достават за мобилноста се:

  • Пријава (Application Form);
  • Договор за учење (Learning agreement)
  • Биографија (Europass модел);
  • Уверение за положени испити на МСУ;
  • Потврда за редовен студент од Службата за студентски прашања на МСУ;

Дополнителни документи кои кандидатите ги подготвуваат (а од нив зависи бодувањето):

  • Мотивациско писмо (Motivational Letter);
  • Препорака од професор (Recommendations);
  • Копии од стекнати сертификати, награди, пофалници (Certificates, awards, commendations) за време на студирањето;
  • Доказ за познавање странски јазик;
  • Доказ за учество во претходни активности на МСУ.

Пред подготовка на наведените документи студентите треба да ја контактираат Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ на еден од следниве начини:

  • erasmus@msu.edu.mk или
  • +389 70 308 557.

Аплицирање



  1. Кандидатите избираат партнерски универзитет на кој би сакале да студираат. Ова е листата на универзитети со кои МСУ има склучено интеринституционални договори. Доколку МСУ нема склучено интеринституционален договор со универзитетот на кој студентот сака да го помине периодот на мобилност, МСУ може да иницира потпишување на интеринституционален договор.
  2. Кандидатите ја поднесуваат апликацијата електронски, со испраќање на пополнетите обрасци на следнава електронска адреса: erasmus@msu.edu.mk
  3. Доколку се избрани, статусот на кандидатите се трансфомира во корисници на мобилност и заедно со и Еразмус+ координаторот избираат соодветни предмети кои студентот треба да ги слуша на институцијата домаќин.

Крајниот рок за поднесување на апликации е до 15 мај 2022. Резултатите се објавуваат на 23 мај 2022. Доколку не се потполнат предвидените места, рокот за аплицирање може да се продолжи.

За сите прашања можете да се обратите на erasmus@msu.edu.mk или на +389 70 308 557.