Известување за начини на набавување на литература за јануарска испитна сесија


Почитувани студенти,

Ве известуваме дека во моментов се достапни повеќе начини за да ја обезбедите потребната литература за јануарската испитна сесија:


1. Електронска и бесплатна литература


Литературата за голем дел од предметите на факултетите на МСУ е веќе е достапна на E-учење на нашата веб страна и е бесплатна. Пристап до Е-учење имаат само нашите студенти и станува збор за литература која е подготвена само за нив. На Е-учење можат да се најдат и презентациите од предавањата на повеќето професори и асистенти.

Доколку имате проблем со најавувањето на новата платформа обратете се со повик или порака на +389 78 295 567 или испратете порака преку Viber или WhatsApp. 


2. Книжарница во Свети Николе


Книжарницата во рамките на МСУ во Свети Николе прима нарачки во следното работно време:

  • понеделник – петок (08:00 до 15:00)
  • сабота (09:00 до 14:00)

Нарачки се вршат на:

Правиме достава до вашите домови на сите изданија. Кога ќе ја направите нарачката изданијата ќе Ви бидат испратени уште истиот ден и ќе ги добиете за еден или два дена, зависно од службите за достава.



3. Наши изданија за наши студенти


Дополнително, литература во печатена форма е достапна на веб страницата на нашата издавачка куќа. Дел од нашите професори имаат изготвено учебници кои можат да се набават по пристапни цени. Дел од публикациите можат да се набават онлајн, на веб страницата на официјалната издавачка куќа на МСУ, Меѓународен центар за славјанска просвета.