Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите за Јануарската испитна сесија ќе се одвива по електронски пат. Пријавувањето на испитите ќе започе на 9 јануари 2023 година, а завршува на 14 јануари 2023 година. Распоредот за испитите ќе биде објавен на платформата за Е-учење.

Полагањето на испитите ќе биде со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. Испитната сесија ќе започне на 16 јануари 2023 година. Студентите ќе полагаат на кампусот на кој се запишани (Свети Николе или Битола). Подетални инструкции за полагањата со физичко присуство можете да добиете од предметните професори.

Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 5 предмети. Во оваа сесија сите испити се пријавуваат наеднаш со користење на истата форма.

Цената за полагање на испитите ќе изнесува 50 ден. од предмет – ПРИЈАВИ ТУКА

Цената за полагање на испитите за студентите кои полагаат диференцијален испит ќе изнесува 3000 ден. + 50 ден. за пријава од предмет – ПРИЈАВИ ТУКА

Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го пријават испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 222 503 за повеќе детали.

Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.


Упатство за пријавување на испит


Во прилог е упатството за пополнување на електронска пријава за испит. Доколку имате технички прашања во врска со пријавувањето, Ве молиме обратете се во Службата за Е-учење на eucenje@msu.edu.mk или на +389 78 295 567.


Чекор 1


Кликнете на линкот за поднесување на пријава.

Студентите кои направиле трансфер од друг универзитет и треба да полагаат диференцијален испит поднесуваат пријава од 3050 денари.


Чекор 2


Изберете го потребниот број на предмети (од 1 до 5, зависно колку предмети сакате да полагате) и кликнете на копчето Во Кошничка.



Чекор 3


Откако ќе биде додадена пријавата во кошничка кликнете на НАПЛАТА.


Чекор 4


Пополнете ги податоците за предметите, изберете го полето Ги прочитав и се согласувам со условите и правилата и кликнете УПЛАТИ. Откако ќе кликнете на УПЛАТИ ќе бидете пренасочени кон страницата на Халк Банка за безбедно плаќање каде ги внесувате податоците од платежната картичка и по успешно плаќање системот ве пренасочува назад кон страницата за комплетирање на нарачка.

Доколку има некаков проблем со пријавата, нашите служби ќе Ве контактираат.