Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите во април ќе се одвива електронски. Пријавувањето започнува на 28 март, а завршува на 21 април. Распоредот ќе  биде објавен најдоцна до 20 април (среда).

Полагањето на испитите ќе биде со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. Испитната сесија ќе започне на 26 април 2022. Студентите ќе полагаат на кампусот на кој се запишани. Подетални инструкции за полагањата со физичко присуство можете да добиете од предметните професори.

Максималниот број на испити што можат да се пријават е 5. Во оваа сесија сите испити се пријавуваат наеднаш со користење на истата форма.

Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го полагаат испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 222 503 за повеќе детали.

Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.


Упатство за пријавување на испит


Во прилог е упатството за пополнување на електронска пријава за испит. Доколку имате технички прашања во врска со пријавувањето, Ве молиме обратете се во Службата за Е-учење на eucenje@msu.edu.mk или на +389 78 295 567.


Чекор 1


Кликнете на линкот за поднесување на пријава.

Студентите кои направиле трансфер од друг универзитет и треба да полагаат диференцијален испит поднесуваат пријава од 3050 денари.


Чекор 2


Изберете го потребниот број на предмети (од 1 до 5, зависно колку предмети сакате да полагате) и кликнете на копчето Во Кошничка.


Чекор 3


Откако ќе биде додадена пријавата во кошничка кликнете на НАПЛАТА.


Чекор 4


Пополнете ги податоците за предметите, изберете го полето Ги прочитав и се согласувам со условите и правилата и кликнете УПЛАТА. Откако ќе кликнете на УПЛАТА ќе бидете пренасочени кон страницата на Халк Банка за безбедно плаќање каде ги внесувате податоците од платежната картичка и по успешно плаќање системот ве пренасочува назад кон страницата за комплетирање на нарачка.

Доколку има некаков проблем со пријавата, нашите служби ќе Ве контактираат.