Известување за пријавување во Мартовска испитна сесија
Почитувани студенти, Ве известуваме дека Мартовската испитна сесија ќе се одржи со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. Пријавувањето за Мартовската испитна сесија ќе започне на 10 март 2026г. (вторник) и ќе трае до 15 март 2026г. (недела). Мартовската...
Известување за откажани предавања
Се известуваат сите студентите на Факултетот за економија и ОП и Факултетот за технички науки и информатика дека предавањата кај проф. Самоил Малчески закажани на ден 28.11.2025 г. (петок) се откажуваат.
Известување за промена на термин за испит – проф. Марија Гроздановска
Се известуваат сите студенти на Факултетот за правни науки и Факултетот за економија и ОП – кампус Свети Николе, дека испитите кај проф. Марија Гроздановска закажани за ден 03.09.2025г. (среда) се презакажуваат за ден 04.09.2025г. (четврток) во истите временски термини.
Известување за пријавување на испити за Септемвриска испитна сесија
Почитувани студенти, Ве известуваме дека платформата на Е-индекс е отворена од денес – 13 август 2025 година за пријавување на испитите за Септемвриската испитна сесија, пријавувањето ќе се одвива по електронски пат, а завршува на 21 август 2025 година (четврток). Распоредот за испитите е веќе објавен на...
Известување за Септемвриска испитна сесија
Почитувани студенти, Пријавувањето на испитите за Септемвриската испитна сесија ќе се одвива по електронски пат. Пријавувањето на испитите ќе започе на 15 август 2025 година (петок), а завршува на 21 август 2025 година (четврток). Распоредот за испитите ќе биде објавен на платформата за Е-учење. Полагањето...
Известување за Јунска испитна сесија – 2025
Почитувани студенти, Пријавувањето на испитите за Јунската испитна сесија ќе се одвива по електронски пат. Пријавувањето на испитите ќе започе на 5 јуни 2025 година (четврток), а завршува на 12 јуни 2025 година (четврток). Распоредот за испитите ќе биде објавен на платформата за Е-учење. Полагањето...
Известување за промена на термини за Априлска испитна сесија
Почитувани студенти, поради настанатите технички проблеми, Ве известуваме дека Априлската испитна сесија ќе биде одложена, односно полагањето на испитите ќе се одвива во периодот од 28.04.2025г. (понеделник) до 17.05.2025г. (сабота). Распоредот за испитите ќе го добиете до крајот на тековната недела.
Известување за пријавување на Априлска испитна сесија
Се известуваат сите студенти дека рокот за пријавување на испитите ќе биде продолжен до 20.04.2025г. (недела). Пријавувањето ќе се одвива преку платформата Е-индекс, а истата ќе биде овозможена за користење во текот на денешниот ден.
Известување за Априлска испитна сесија – 2025
Почитувани студенти, Пријавувањето на испитите за Априлската испитна сесија ќе се одвива по електронски пат. Пријавувањето на испитите ќе започе на 11 април 2025 година (петок), а завршува на 15 април 2025 година (вторник). Распоредот за испитите ќе биде објавен на платформата за Е-учење. Полагањето...
Известување за термин – проф. Ана Чучкова
Се известуваат сите студенти на Факултетот за психологија – кампус Битола дека испитите кај проф. Ана Чучкова за втор циклус студии ќе се одржат на ден 05.02.2025г. (среда) со почеток во 11:00ч.
