Соопштение за сите студенти од факултетот за Психологија

Се известуваат сите студентите запишани на факултетот за Психологија дека “КЛУБ НА ПСИХОЛОЗИТЕ” започна со активности во Свети Николе. Основните активности на клубот се  уредување и издавање на првиот весник по психологија “ПСИХОЛОГ”. Првиот бр. е предвидено да излезе во продажба во Јануари 2019год. За оваа цел се покануваат сите студенти да земат учество со пишување статии од областа на психологијата. Исто така ќе има организирање на семинари и работилници кои ќе се одржат еднаш месечно. Секој студент има право на учество со пишување статии од областа на психологијата и на учество во овие семинари.

Состаноците на клубот се спроведуваат во Свети Николе.

Ментор на клубот: Данче: 071/ 213 458 ;  Љупка: 078/504 106
За повеќе информации:
klub.vesnik@gmail.com