Свечената церемонија за врачување на дипломите за студентите кои дипломирале во Битола ќе се одржи на 25 мај 2023 година со почеток од 12:00 часот во Офицерски дом, Битола.
Дипломите ќе им бидат врачени на студентите кои дипломирале во периодот од 24 мај 2022 до 23 мај 2023.
На студентите на кои треба да им биде врачена диплома им препорачуваме да пристигнат еден или два часа пред почетокот на церемонијата, со цел комплетирање на документацијата.
Пред церемонијата на сите студенти ќе им бидат доделени и свечени тоги од универзитетот. Изнајмувањето на тогите е бесплатно.
На свеченоста се добредојдени и роднините и пријателите на дипломираните студенти, како и останатите заинтересирани граѓани.