Технички услови


Фонт Times New Roman
Големина на фонт 12 pts
Проред 1.5
Број на страници Минимум 100 страници основен текст

Овде можете да го преземете образецот за магистерски труд.


Структура на магистерскиот труд


Структурни компоненти на магистерската работа се следниве:

  1. Насловна (надворешна) страница (корица)
  2. Внатрешна (насловна) страница
  3. Кратко резиме со клучни зборови;
  4. Содржина;
  5. Листа на слики;
  6. Листа на табели;
  7. Листа на прилози;
  8. Користени кратенки;
  9. Вовед;
  10. Основен (главен) текст;
    1. Теоретски дел
    2. Методолошки пристап на истражувањето
    3. Анализа на истражувањето
  11. Заклучок;
  12. Користена литература;
  13. Прилози;
  14. Приказ на објавени трудови (стручни, научни и апликативни) печатени во домашни и меѓународни списанија или реферати и презентации од научни собири.
  15. Изјава за оригиналност.

Подготвителна фаза


Студентот (магистранд) ја избира темата по сопствен избор и во консултација со веќе избраниот ментор. Во оваа фаза се врши избор на проблемот на истражување, се определуваат клучните критериуми, се прави преглед на релевантната литература за проучување на проблемот.


Доставување на материјалите


Студентот (кандидатот) после одобрување на магистерскиот труд од страна на комисијата го предава магистерскиот труд во печатена форма во Студентската служба, во 5 (пет) примероци вкоричени во тврди корици (по еден примерок за членовите на комисијата и еден за персоналното досие на студентот).

Копија на магистерскиот труд се приложува и во електронска форма (ЦД) на службата за студентски работи заедно со отпечатениот магистерски труд.


Автореферат


Студентот задолжително изработува (пишува) и автореферат на магистерскиот труд. Текстот на авторефератот се испраќа до службата задолжена за ваквите работи на следниот е-маил: avtoreferati@msu.edu.mk.

Автореферат претставува краток преглед на напишаниот магистерски труд. Задолжителни елементи на авторефератот се:

  1. Насловна страница;
  2. Вовед,
  3. Главен текст (во главниот текст се претставуваат во кратки црти главите и подглавите на магистерскиот труд)
  4. Заклучок

Авторефератот се пишува во обем од 10 до 15 страни во формат А4, со фонт Times New Roman со македонска јазична подршка, со (големина) 12 pts. и проред 1,5.

Овде можете да го преземете образецот за автореферат.


Насловна страна на проектот


Насловната страница на проектот на истражување ги содржи следните податоци:

  • Име на универзитетот;
  • Име на факултетот;
  • Насока;
  • Тема на проектот;
  • Назнака: нацрт проект на истражување;
  • Кандитат: име и презиме и број на индекс;
  • Ментор на проектот (се пишува име и презиме) звање, титула.

Обемот на Нацрт проектот на истражување е потребно да се движи во рамките на еден авторски табак (16 страници).


Структура на нацрт проект на истражување


Структурните компоненти на Нацрт проект на истражување се следните:

  1. Насловна (надворешна) страница на Нацрт проект на истражување;
  2. Листа на слики;
  3. Листа на табели;
  4. Листа на прилози

Пријавување, предавање, одбрана и оценување на магистерската работа


По договор со менторот за избор и наслов на тема на магистерски труд, студентот (магистрандот) доставува до Службата за студентски прашања образец – Пријава на тема за магистерски труд.

Студентот кандидат за одбрана на магистерскиот труд во Образец – Пријава на тема за магистерски труд ги објаснува во писмена форма следните барања:

  • Дефинирање на насловот на темата;
  • Образложение на научната и истражувачката оправданост на темата;
  • План за работа;
  • Преглед на литературата;
  • Предлог за ментор.

Содржина


Содржината на секоја студентска академска пишувана работа е задолжителен дел. Се пишува на почетокот на делото, но пред воведот. Таа претставува огледало, информатор и патоказ на структурата на пишуваната работа.

Елементи на содржината на работата се:

  • Главните наслови и поднасловите;
  • Нумерирањето на насловите и поднасловите (да се обележуваат на ист начин како во самиот текст);
  • Броевите на страниците на кои се наоѓаат деловите.

При пишувањето на студентските академски работи потребно е да се состојат од најмалку три до највеќе пет глави.

Содржината се пишува на оделен лист на средина (центрирано). Се пишува со големи здебелени букви во фонт Times New Roman, pts 14.

Страницата или листот каде се пишува Содржина не се нумерира.


Вовед


Воведот е задолжителен дел при пишувањето на студентските академски работи. Воведот е потребно да биде напишан на краток, јасен, информативен и прецизен начин. Големината на текстот во воведот треба да биде во сразмерност со пишуваната работа.

Во пишувањето на воведот потребно е да бидат истакнати следните работи:

  • дефинирање на проблемот и предметот на истражувањето;
  • определување на основната цел на истражување;
  • воведување во темата на истражување
  • оценување на досегашното истражување;
  • опис на содржината на трудот,
  • наведување на литературата (основните извори на информација);
  • укажување на теоретското или практичното значење на изборот на темата.

Зборот Вовед се пишува со големи здебелени (Bold) букви со порамнување на лево. Нумерирањето на страниците со почетниот број 1 започнува од Вовед.


Главен дел


Главен дел (разработка на темата) се однесува на разработување на избраната тема од теоретски и практичен аспект. Овој дел е најважен и најобемен дел од работата (70-80% од работата). Во него треба да се опфати сето она што е искажано во воведот. Темата што се обработува во потребно е во овој дел да биде распоредена во три основни дела од кој секој може да има повеќе подделови:

  1. Историско-теоретски дел, ретроспективен или експликативен дел

Во овј дел се изложува историјатот на настанување на определениот проблем, упатува на досегашното истражување и се наведуваат постојните теориски познанија на проблемот

  1. Методолошки пристап на истражувањето

Се наведуваат користените методи, примерок и инструменти, како и истражувачките прашања и хипотезите.

  1. Аналитичко-експериментален дел

Во овој дел се изложуваат фактите, информациите, идеите до кои авторот дошол врз основа на сопственото истражување или врз анализата на туѓи истражувања, а со цел подкрепа на поставената хипотеза.

  1. Перспективен дел

Во третиот дел се предлагаат сопствените конкретни решенија на проблемот или се настојува да се предвиди како во иднина ќе се развива ситуацијата во поглед на изложениот проблем. Овој дел како главен во е најголем по обем, и поради тоа потребно е да се спазуват определени принципи во пишувањето:

  • краткост и јасност,
  • складност и единство на деловите,
  • адекватно истакнување,
  • правилно размислување,
  • наведување на примери,
  • стилот на пишување и спазување на граматичките правила.

При пишување на главниот дел од текстот, потребно е да биде расчленет на глави, подглави, оддели и дидактички целини (параграфи). Сите наведени делови треба да бидат правилно распоредени и сигнирани, поврзани меѓусебно и адекватно димензионирани. Кај сите досега наведени студентски академски пишувани работи потребно е да се почитува Европскиот состав на пишување на параграфи во текстот.

Секој нов параграф започнува со голема буква, и се вовлекува до три буквени места од почетокот на страницата. Помеѓу параграфите не треба да има растојание. Растојанието помеѓу редовите во текстот треба да е воедначено. Растојанието помеѓу редовите потребно е да изнесува 1,5.

Во распоредот на темата во текот на нејзиното расчленување на глави, подглави, подпоглавја потребно е да се користи обележување со арапски броеви и комбинација од римски и арапски броеви.


Заклучок


Заклучокот е интегрален дел на студентските академски работи и представува синтеза, суштината и резиме на веќе кажаното, обработено. Заклучокот на прецизен и систематски начин ги прикажува основните информации за содржината. Големината на текстот на заклучокот е потребно да биде во сооднос со воведот.


Литература


Во пописот на литература се пишуваат само цитираните или парафразираните извори на информација. Се пишува на крајот од пишуваната работа. Потребно е да се користи АПА стилот на пишување на литературата. Авторите се подредуваат по азбучен ред без да се прави поделба помеѓу книги, електронски извори, статии и