Технички услови


Фонт Times New Roman
Големина на фонт 12 pts
Проред 1.5
Број на страници Минимум 10 страници основен текст

Овде можете да го преземете образецот за проектната задача.


Структура на проектната задача


Структурни компоненти на проектната задача на додипломски студии се следниве:

  1. Насловна (надворешна) страница (корица)
  2. Внатрешна (насловна) страница
  3. Кратко резиме со клучни зборови;
  4. Содржина;
  5. Листа на слики;
  6. Листа на табели;
  7. Листа на прилози;
  8. Користени кратенки;
  9. Вовед;
  10. Основен (главен) текст;
  11. Заклучок;
  12. Користена литература;
  13. Прилози.

Упатство


Проектната задача на додипломските студии на MСУ „Г. Р. Державин“, потребно да биде изработена (напишана) во минимум 10 стр. основен текст. Во овој број на страници не влегуваат: насловната страница, внатрешната насловна страница, попис на илустрациите (графикони, цртежи, табели),  попис на кратенки, содржина, користената литература, како и другите прилози за кои студентите ценат дека е потребно да бидат прикажани како составен дел на проектната задача.

Проектната задача според предметната програма претставува задолжителен елемент од студирањето (на редовните студенти) и начинот на оценување која се вреднува со десет (10) бода за редовните студенти. Студентот кој не изработил проектна задача се бодува со нула (0) поени.


За вонредните студенти на факултетите во состав на МСУ „Г. Р. Державин“ проектната задача се вреднува со:

Факултет за правни науки:   

Изработената (напишана) проектна задача се вреднува со 20 бода.

Факултетот за економија и организација на претприемништвото:

 Изработената (напишана) проектна задача /проектна активност или друго/ се  вреднува со 30 бода.

Факултет за психологија:

Изработената (напишана) проектна задача /проектна активност или друго/ се вреднува со 30 бода.

Факултет за информатика:

Изработената (напишана) проектна задача /проектна активност или друго/ се вреднува со 30 бода.

Факултет за безбедносно инженерство:

      Изработената (напишана) проектна задача /проектна активност или друго/ се вреднува со 30 бода.


Внимание


Ве молиме имајте предвид дека за поединечни предмети бодувањето на проектната задача може да биде поразлично, во зависност од акредитацијата на факултетот.

За повеќе детали можете да се консултирате со предметниот професор.


Изработената проектна задача, студентот има обврска да му ја испрати на предметниот наставник на преглед во електронска форма, најдоцна во рок од 20 работни денови пред испитната сесија.


Студентот, одобрената проектна задача ја изработува во А4 формат во печатена форма вкоричена во пластична папка.


Содржина


Содржината на секоја студентска академска пишувана работа е задолжителен дел. Се пишува на почетокот на делото, но пред воведот. Таа претставува огледало, информатор и патоказ на структурата на пишуваната работа.

Елементи на содржината на работата се:

  • Главните наслови и поднасловите;
  • Нумерирањето на насловите и поднасловите (да се обележуваат на ист начин како во самиот текст);
  • Броевите на страниците на кои се наоѓаат деловите.

При пишувањето на студентските академски работи потребно е да се состојат од најмалку три до највеќе пет глави.

Содржината се пишува на оделен лист на средина (центрирано). Се пишува со големи здебелени букви во фонт Times New Roman, pts. 14.

Страницата или листот каде се пишува Содржина не се нумерира. 


Вовед


Воведот е задолжителен дел при пишувањето на студентските академски работи. Воведот е потребно да биде напишен на краток, јасен, информативен и прецизен начин. Големината на текстот во воведот треба да биде во сразмерност со пишуваната работа. Кај проектната задача на додипломски студии се препорачува да биде од една третина до една страница текст.

Во пишувањето на воведот потребно е да бидат истакнати следните работи:

  • дефинирање на проблемот и предметот на истражувањето;
  • определување на основната цел на истражување;
  • воведување во темата на истражување
  • оценување на досегашното истражување;
  • опис на содржината на трудот,
  • наведување на литературата (основните извори на информација);
  • укажување на теоретското или практичното значење на изборот на темата.

Зборот Вовед се пишува со големи здебелени (Bold) букви, со порамнување на левата страна. Нумерирањето на страниците со почетниот број 1 започнува од Вовед. 


Главен дел


Главен дел (разработка на темата) се однесува на разработување на избраната тема од теоретски и практичен аспект. Овој дел е најважен и најобемен дел од работата (70-80% од работата). Во него треба да се опфати сето она што е искажано во воведот. Темата што се обработува во проектната задача потребно е во овој дел да биде распоредена во три основни делови од кој секој може да има повеќе подделови:

  1. Историско-теоретски дел, ретроспективен или експликативен дел.

Во овј дел се изложува историјатот на настанување на определениот проблем, упатува на досегашното истражување и се наведуваат постојните теориски познанија на проблемот

  1. Методолошки пристап на истражувањето

Се наведуваат користените методи, примерок и инструменти, како и истражувачките прашања и хипотезите.

  1. Аналитичко-експериментален дел

Во овој дел се изложуваат фактите, информациите, идеите до кои авторот  дошол врз основа на сопственото истражување или врз анализата на туѓи истражувања, а со цел подкрепа на поставената хипотеза.

  1. Перспективен дел

Во третиот дел се предлагаат сопствените конкретни решенија на проблемот или се настојува да се предвиди како во иднина ќе се развива ситуацијата во поглед на изложениот проблем. Овој дел како главен во проектната задача е најголем по обем, и поради тоа потребно е да се спазуват определени принципи во пишувањето:

  • краткост и јасност,
  • складност и единство на деловите,
  • адекватно истакнување,
  • правилно размислување,
  • наведување на примери,
  • стилот на пишување и спазување на граматичките правила.

При пишување на главниот дел од текстот, потребно е да биде расчленен на глави, подглави, оддели и дидактички целини (параграфи). Сите наведени делови треба да бидат правилно распоредени и сигнирани, поврзани меѓусебно и адекватно димензионирани.

Кај сите досега наведени студентски академски пишувани работи потребно е да се почитува Европскиот состав на пишување на параграфи во текстот. Секој нов параграф започнува со голема буква, и се вовлекува до три буквени места од почетокот на страницата. Помеѓу параграфите не треба да има растојание. Растојанието помеѓу редовите во текстот треба да е воедначено. Растојанието помеѓу редовите потребно е да изнесува 1,5.

Во распоредот на темата во текот на нејзиното расчленување на глави, подглави, подпоглавја потребно е да се користи обележување со арапски броеви и комбинација од римски и арапски броеви.


Заклучок


Заклучокот е интегрален дел на студентските академски работи и представува синтеза, суштината и резиме на веќе кажаното, обработено. Заклучокот на прецизен и систематски начин ги прикажува основните информации за содржината на проектната задача. Големината на текстот на заклучокот е потребно да биде во сооднос со воведот.


Литература


Во пописот на литература се пишуваат само цитираните или парафразираните извори на информација. Се пишува на крајот од пишуваната работа. Потребно е да се користи АПА стилот на пишување на литературата. Авторите се подредуваат по азбучен ред без да се прави поделба помеѓу книги, електронски извори, статии и др.