Се известуваат сите студенти на МСУ кои исполниле услов за запишување на повисока година (се стекнале со доволен број на ЕКТС кредити) дека доколку не направиле упис на новиот семестар, тоа ќе можат да го направат најдоцна до 17 септември со уплатена школарина.

За студентите кои не ги исполнуваат условите за упис на повисока година (немаат доволно ЕКТС) ќе биде овозможена октомвриска испитна сесија во која ќе можат да ги исполнат условите.

Условите за премин во повисока година согласно правилникот за студирање на прв циклус студии се:

  • најмалку 31 ЕКТС за втора година на прв циклус студии.
  • најмалку 62 ЕКТС за трета година на прв циклус студии, од кои 31 ЕКТС од прва година, а 31 од втора година.
  • најмалку 93 ЕКТС за четврта година на прв циклус студии, од кои 31 ЕКТС од прва година, 31 ЕКТС од втора година и 31 од трета година.

Студентите ќе бидат контактирани телефонски за начинот на пополнување на семестралните листови. Рок за пополнување од 11 до 16 октомври.

За сите прашања околу уписот на наредна година и начинот на студирање предвидени се онлајн консултации кои ќе се одржат на 16 септември (четврток) со почеток од 12:00 часот. На секој факултет ќе се одржуваат посебни консултации. Менторите ќе ги испратат линковите до сите студенти од втора до четврта година.