Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите за Јануарска испитна сесија ќе се одвива по електронски пат на платформата за Е-индекс. Пријавувањето на испитите ќе започе на 13ти јануари (понеделник), а завршува на 18ти јануари (сабота). Распоредот за испитите ќе биде објавен на платформата за Е-учење.
Полагањето на испитите ќе биде со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. Испитната сесија ќе започне на 20ти јануари 2025 година (понеделник). Студентите ќе полагаат на кампусот на кој се запишани (Свети Николе или Битола). Подетални инструкции за полагањата со физичко присуство можете да добиете од предметните професори.
Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 5 предмети. Во оваа сесија сите испити се пријавуваат наеднаш со користење на истата форма.
Цената за полагање на испитот во Јануарската испитна сесија за сите студенти ќе изнесува 50ден. од испит.
Цената за полагање на диференцијалниот испит во Јануарската испитна сесија за транфер студентите ќе изнесува 3050ден. од испит.