Известување за формирање оценка кај предметите Производствен менаџмент и Деловни системи

Се известуваат студентите дека согласно Актите на Универзитетот, максимален број на поени од колоквиум или испит по предметите Производствен менаџмент и Деловни системи кај доц. д-р Пане Илиев изнесува 70 поени, односно максимална оценка е 7 (седум). Оттука, доколку студентите сакаат повисока оценка, ќе мора да присуствуваат на предавањата и изработуваат семинарски или проектни задачи (за редовните студенти) или да изработуваат семинарски или проектни задачи (за вонредните студенти).