Покана
Шпаркасе Банка – Финансиска едукација и платформата VibeOnEdu
Почитувани студенти,
Центарот за кариера при Меѓународен Славјански Универзитет ги поканува сите студенти да присуствуваат на презентација организирана во соработка со Шпаркасе Банка, која ќе се одржи на 20.10.2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет, Свети Николе.
Презентацијата ќе биде посветена на финансиската едукација на младите, како и на запознавање со дигиталната платформа VibeOnEdu и можностите што таа ги нуди за студентите.
Во рамки на презентацијата, претставниците на Шпаркасе Банка ќе споделат корисни информации и за проектот за субвенциониран студентски оброк, поддржан од Министерството за образование и наука, како и ќе одговараат на прашања поврзани со неговото користење.
Ги охрабруваме сите заинтересирани студенти да присуствуваат и да ја искористат можноста да добијат корисни информации и одговори на своите прашања.
Со почит,
Центар за кариера
Меѓународен Славјански Универзитет,
Свети Николе
