Продолжен рокот за пријавување за Априлската испитна сесија

*Рокот за пријавување за Априлската испитна сесија е продолжен до 7-ми мај.

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека поради ситуацијата со корона вирусот Априлската сесија беше поместена за еден месец. Пријавувањето и полагањето на испитите во Априлската сесија ќе се одвива електронски. Пријавувањето на испитите ќе трае до 7-ми мај. Полагањата започнуваат од 11-ти мај. До тој период ќе се држат предавања во редовните термини (како и досега). Во оваа сесија е дозволено е полагање само на испити од непарен семестар.

Доколку некои од студентите не можат да го направат тестирањето онлајн ние ќе имаме разбирање и ќе понудиме нов термин, откако ќе заврши ситуацијата со корона вирусот.


Пријавување на испитите


  • Испити полагаат сите студенти кои ги исполнуваат условите.
  • За да проверите дали ги исполнувате условите Ве молиме пополнете ја оваа форма. По пополнување на формата за еден до два работни денови ќе добиете одговор на Вашата електронска адреса дали ги исполнувате условите. Доколку ги исполнувате, ќе добиете упатство за пријавување на испитите електронски, и линк каде ќе можете да ја пополните вашата пријава.

Електронската форма е затворена.


Услови за тестирање


  • камерата и микрофонот да бидат вклучени за време на полагањето, во спротивно истото ќе биде поништено
  • тестовите би се состоеле од неколку прашања кои би требало да се одговараат во форма на кратки есеи, со аргументирање на одговорите*
  • пополнетиот тест да се испрати до професорот во рамки на договореното време
  • квалитетот на вашите одговори ќе биде оценет според вашата способност да го примените знаењето за областа во која се тестирате
  • за дополнителни прашања консултирајте се директно со менторите или професорите, а можете да се обратите и на info@msu.edu.mk

* Всушност, на повеќето испити и колоквиуми професорите имаат вклучувано вакви прашања.



Како ќе се спроведе тестирањето? – објаснување чекор по чекор


  • Испитот по определен предмет ќе се одржи во времето кое е објавено во распоредот. Распоредот ќе биде објавен на 30 април.
  • Се вклучувате онлајн во договорениот термин на платформата Zoom. Линковите ќе ги добиете од службите за студентски прашања.
  • Додека сте онлајн професорот го забележува присуството и ги напоменува условите за полагање.
  • Професорот ќе ви соопшти дека преку опцијата Chat на платформата Zoom треба да ги доставите вашите е-маил адреси за да можеме да ви го испратиме тестот.
  • Ги внесувате е-маил адресите на chat на Zoom.
  • Администраторот ви го испраќа тестот на внесената е-маил адреса.
  • Имате ограничено време за да го решите тестот (околу 60 минути / зависи од професорот) со вклучени камери и микрофони. Ако некој ја исклучува камерата или микрофонот, тестот за него завршува.
  • Откако ќе истече времето имате обврска да го пратите тестот на меилот на професорот, пополнет. Толеранција за доцнење – 5 минути. Ако тестот се прати подоцна нема да се толерира, без разлика на причина. Во тие случаи може повторно да пополнува нов тест некој нареден пат по договор со професорот.
  • Доколку тестот бара решавање на задачи или пишување на хартија, професорот може да се договори со студентите наместо во Word, студентите да ги решат задачите на хартија, а да испратат фотографии од решените задачи на професорот, во истиот рок како и другите студенти.
  • Професорот (или администраторот во негово име) го потврдува приемот на тестот.
  • Професорот го оценува тестот и кога ќе има резултати ги соопштува на студентите на некое од наредните предавања, на меил, или на Е-учење.

Пример – прашања


Прашањата на тестот би биле слични, (но не и ограничени) на следниве:

  • „Со која постапка дојдовте до конкретниот заклучок?“
  • „Според дадените информации, која претпоставка би можела да се земе за точна?“
  • „Што, според Вас, е главниот проблем во дадената ситуација?“
  • „Што влијае на Вашето мислење?“
  • „Какво е влијанието на опишаните појави?“
  • „Опишете определена појава…“
  • „Објаснете како…“
  • „Кои примери можете да ги наведете што се соодветни за опишаната појава?“
  • „Што е важно во оваа ситуација?“
  • „Кој е најдобриот метод за разрешување на ситуацијата?“
  • „На кој начин X се разликува од Y?“

Корисни информации


  • Повеќето од прашањата би се одговарале во форма на есеј. Не на заокружување, дополнување и сл.
  • Професорот ќе го прегледува и оценува секој тест поединечно, како и во редновна постапка. Тестот не се оценува директно од онлајн платформата.
  • На онлајн платформата ќе бидат вклучени сите студенти со конференциска врска и камери. Камерата ги забележува движењата на студентите постојано и невозможно е да има лажно претставување.
  • Информации за набавка на литературата за испитите.