Почитувани студенти,

со оглед на состојба со корона вирусот и активните мерки и насоки дадени од Владата на Република Северна Македонија во поглед со справување со пандемијата од COVID-19 и по барање на поголем дел од студентите на МСУ, Ве известуваме дека и априлската испитна сесија ќе се одржи онлајн.

Пријавувањето на испитите ќе се врши онлајн според утврдена постапка и протокол кој како информативна соржина ќе ви биде достапен на нашите информативни електронски гласила.


Распоред за сесијата


Линковите ги добивате на електронската адреса со која сте ја пополниле пријавата или од Вашиот ментор. 


Пријавување на испитите



Услови за тестирање


  • камерата и микрофонот да бидат вклучени за време на полагањето, во спротивно истото ќе биде поништено
  • пополнетиот тест да се испрати до професорот во рамки на договореното време
  • за дополнителни прашања консултирајте се директно со менторите или професорите, а можете да се обратите и на eucenje@msu.edu.mk

Како ќе се спроведе тестирањето? – објаснување чекор по чекор


  • Испитот по определен предмет ќе се одржи во времето кое е објавено во распоредот.
  • Се вклучувате онлајн во договорениот термин на платформата Zoom. Линковите ќе ги добиете од менторите. Во случај на технички проблеми, контактирајте ја службата за Е-учење.
  • Додека сте онлајн професорот го забележува присуството и ги напоменува условите за полагање.
  • Професорот ќе ви соопшти дека преку опцијата Chat на платформата Zoom треба да ги доставите вашите е-маил адреси за да можеме да ви го испратиме тестот.
  • Ги внесувате е-маил адресите на chat на Zoom.
  • Администраторот ви го испраќа тестот на внесената е-маил адреса.
  • Имате ограничено време за да го решите тестот (околу 60 минути / зависи од професорот) со вклучени камери и микрофони. Ако некој ја исклучува камерата или микрофонот, тестот за него завршува.
  • Откако ќе истече времето имате обврска да го пратите тестот на меилот на професорот, пополнет. Толеранција за доцнење – 5 минути. Ако тестот се прати подоцна нема да се толерира, без разлика на причина. Во тие случаи може повторно да пополнува нов тест некој нареден пат по договор со професорот.
  • Доколку тестот бара решавање на задачи или пишување на хартија, професорот може да се договори со студентите наместо во Word, студентите да ги решат задачите на хартија, а да испратат фотографии од решените задачи на професорот, во истиот рок како и другите студенти.
  • Професорот (или администраторот во негово име) го потврдува приемот на тестот.
  • Професорот може да го промени или прилагоди форматот на тестот.
  • Професорот го оценува тестот и кога ќе има резултати ги соопштува на студентите на некое од наредните предавања, на меил, или на Е-учење.