Почитувани студенти,

Ве известуваме дека периодот за уплата и упис на зимски семестар ќе се спроведе од 1-ви до 15-ти септември.

Свеченото доделување на индекси за студентите од прва година на кампус Свети Николе и кампус Битола ќе се одржи на 3-ти октомври. За подетални информации ќе бидете контактирани од нашите служби.

Првиот циклус на предавања започнува на 4-ти октомври. Распоредот за предавањата ќе биде објавен на платформата за Е-учење.

Во текот на првата недела од предавањата можете да ги слушате сите изборни предмети. Во текот на втората недела од почетокот на предавањата ќе бидете контактирани од менторите или од Службата за Е-учење и ќе ви бидат соопштени сите детали за пополнување на семестралниот лист односно заверката на семестарот. 

Предметите кои ќе ги одберете ќе бидат доделени на вашите кориснички имиња на Е-индекс и Е-учење.